Skip to main content

Проекција на „Скејтбордингот не за девојчиња“ на Дина Дума вечерва во киното Мис Стон во Прилеп

На 21 октомври 2026 г. / среда/ од 19.00 часот во кино Мис Стон ќе се прикажува филмот „Скејтбордингот не за девојчиња“, филм на Дина Дума

За филмот: Кога сиромаштијата го загрозува нејзиното семејство, Адела мора да се бори преку својата страст кон скејтбордингот против конзервативното традиционално општество, за да ја спаси својата постара сестра – која сè уште е малолетна – од судбина што станува неизбежна: договорен брак.

 ***Времетраење: 83 минути/

Влезници на билетарницата од киното: понеделник, вторник и среда од 11.00 до 13.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот.

Поврзани вести