
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, даде свој коментар за големиот број повредени фудбалери во текот на целата сезона.
– Која е причината за бројните повреди во Наполи? Треба да одиме во црква и да се молиме! Кога неколку играчи се надвор со сериозни проблеми, сте принудени постојано да ги играте истите. А потоа и тие добиваат помали повреди, а тоа води до понатамошни загуби, изјави Конте за италијанските медиуми.
Наполи синоќа загуби од Комо (1-1, 6-7 на пенали) и беше елиминиран од четвртфиналето на Купот на Италија.
Во составот на Наполи поради повреди ги немаше Давид Нерес, Џовани ди Лоренцо, Скот МекТоминај, Френк Ангусиа, Кевин де Брујне и Били Гилмор.

Македонски



