
Тијана Дапчевиќ за српските медиумите откри нова информација за состојбата на пејачот на групата ДНК, Владимир Блажев Панчо.
Таа тврди дека на здравствената состојба на пејачот е подобра, дека се опоравува, но состојбата и понатаму е критична.
Владимир Блажев, другиот пејач од групата ДНК, е надвор од животна опасност, се лекува во во Аџибадем Систина во Скопје и фала богу и последната информација што ја добив е дека се опоравува. Се уште е критично, но се опоравува – потврдила Дапчевиќ за српските медиуми.