
118 се повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави утринава министерот за здравство Арбен Таравари, по трагичниот настан во Кочани каде што во дискотека во Кочани утринава во 3 часот изби пожар во кој загинаа 51 лице и стотина се повредени.
На прашањето колку се во критична состојба рече дека не би сакал да шекулира.
Одиме на хирургија да добиеме информации, кажа Таравари.
Тој рече дека добил и повик од министерот за здравство на Бугарија за да понуди помош, но Таравари кажа дека засега нема потреба од странска помош.
Имаме доволно крвни единици и засега нема потреба од дополнителни, кажа Таравари.