Светот одбележува пет години од избивањето на коронавирусот, а смртноста бележи константен пад, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Ако во јуни во 2021 година умираа четвртина од хоспитализираните, од СЗО додаваат дека бројката сега е 1 починат на 25 хоспитализирани. Според податоците на СЗО, до денеска се евидентирани, речиси, 777 милиони случаи од кои починаа седум милиони луѓе.
Пандемијата достигна пик во 2020 година, во 2021 година и во 2022 година, а само оваа година од средината на 15 октомври до 15 ноември се пријавени смртни случаи во 77 држави. Ковидот, според СЗО, и денеска претставува голем проблем и се апелира дека вакцинацијата дава добра заштита и ја намалува веројатноста од долгорочни последици.