Skip to main content

Од денеска стоматолозите може да аплицираат за лиценци во Министерството за здравство

Стоматолозите од денеска може да аплицираат за лиценци во Министерството за здравство, изјави министерот за здравство Азир Алиу, кој беше во посета на Клиниката на урологија каде што денеска беше промовирано реновираното болничко одделение.

Министерот за здравство соопшти дека рокот за добивање на лицензите за стоматолозите ќе биде ист како и досега, ако не и побрз.

Тоа што ние го направивме, ценам, дека е правилно и на време, бидејќи ако не беше овој чекор, ние во септември, октоври ќе имавме во Македонија 50 отсто стоматолози без лиценци. Најавувам дека од денес може да се аплицира кај нас, потпишав решение Секторот за стоматологија, покрај дневните обврки кои ги има, сега ќе има обврска заедно со вработените во Комората да ги процесираат сите барања од стомтолозите. Нема да има застој, ќе има ред и закон. Тоа што јас го потпишав, го потпишав врз основа на документи и факти, имав средби со претседателот и со работната група и стојам зад потписот, изјави Алиу.

Министерството за здравство во саботата на 9 август соопшти дека ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора. Надзорот на документите на Стоматолошката комора покажале сериозни пропусти, односно едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците. Алиу информираше дека има и сомнеж за финансиска злоупотреба.

Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти како договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација. Дополнително, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот, изјави на 9 август Алиу.

За тоа како ќе се вршат обуки, Алиу кажа дека е разговарано е со двата факултета за стоматологија во Скопје и Тетово тие набрзо ќе излезат со курикулум и материјал и врз основа на тој материјал ќе треба да се организираат хибрдни обуки.

За физичко присуство, ќе бидат тука просторитте на факултетите и ќе има онлајн за тие што не може да присуствуваат. Сите чекори ги преземавме за да се вршат обуките. Пристапот и методологијата ќе биде иста, само ќе биде според законот. Стоматолозите да бидат спокојни, од денес имаме стрктуририана методологија и алгоритм. Идејата е сите чекори да бидат преземени и сите стандарди да бидат земени во предвид, изјави Алиу,

Поврзани вести