Skip to main content

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека според проценки на стручни медицински експерти, „во моментов, 70 отсто од пациентите што се лекуваат на терцијарно ниво, всушност припаѓаат на секундарното здравство“. Изјавата ја даде на прес-конференција во Министерството за здравство, одговарајќи на прашања за метежот и долгиот период на чекање за специјалистички прегледи и дијагностика.

Ќе воспоставиме јасни индикатори за секој доктор, дали ги нуди услугите што се очекуваат од него во примарното и терцијарното здравство, или само ги пренасочува пациентите од примарно кон терцијарно ниво“, истакна Алиу.

Министерот најави дека е во тек сеопфатна анализа, по која ќе се воспостави нов систем за управување со упатите. Системот ќе биде поврзан со платформата „Мој термин“, со јасни, стандардизирани протоколи за тоа кога и како пациентите се упатуваат од едно ниво на здравствена заштита кон друго.

Алиу посочи дека државата сè уште нема целосна слика за расположливите човечки ресурси и капацитети во здравствениот систем.

„Истите тие податоци ќе ни дадат и јасна слика за типот на инфраструктура со кој располага здравствениот систем. Во моментов, на пример, немаме целосна слика за човечките ресурси во здравството“, рече министерот, додавајќи дека се работи на собирање и објавување на транспарентни информации за здравствениот кадар.

Поврзани вести