Skip to main content

Мултидисциплинарен пристап во водење на секоја бременост особено кај ризичните бремености побараа неонатолозите на Светскиот ден на предвемено родените бебиња

Мултидисциплинарен пристап во водење на секоја бременост, особено кај ризичните бремености побараа неонатолозите на одбележувањето на 17 ноември, Светскиот ден на предвемено родените бебиња.

Годинашното мото е „Силен почеток за посветла иднина“. На конференцијата која ја организираше „Алкалоид“ и „Бекутан“ „Науката зад грижата: современи пристапи во неонаталната нега“ говореа специјалистот по педијатрија д-р Симонида Спасеска, проф. д-р Силвана Наунова Тимовска – педијатар-неонатолог и проф. д-р Катерина Дамевска, специјалист по дерматовенерологија кои се согласија дека е најважно да има добра кооринација и добра организација кога станува збор за предвремено роднитете бебиња.

Да се работи со предвремено родени деца претставува еден исклучително необичен многу длабок предиизвик кој што е професионален и човеки и кој може да го доживее еден лекар. Да се биде дел од почеток на еден живот кој започнува порано и продолжува понатаму и за кој е потребна огрмна трајност и истрајност и тие не потсетуваат дека чудата се возможни и секој нивен напредок претствува голема награда за нас здратавствените работници, вели професорката Наунова Тимовска.

Таа потенцираше дека составен дел од нивната работа како лекари неонатолози е стравот, стресот, неизвесноста бидејќи пред нив се големи одлуки и од тие одлуки зависи и иднината на бебебто и на семејството.

Оние моменти кога ќе го видиме она бебе кое не можело да дише, се бори за секој здив, сега е веќе дома – е тоа е најголемата мотивација која не исполнува и ни покажува дека се исплати секоја непроспиена ноќ, секој труд и дилема. Ние сме сведоци на успешни човечки приказни кои не обликуваат и како лекари и како луѓе и покажуваат дека не сме овде само да лекуваме, туку и да дадеме поддршка, кажа проф. д-р Наунова Тимовска.

Д-р Спасеска говореше дека е потребен мултидисциплинарен пристап во водење на секоја бременост, особено ризичните бремености.

Превенцијата би била во формирање на Центар за водење ризична бременост и анулирање на сите фактори кои може да доведат до ризична бременост, фактори кои ја следат ризичната бременост и може да доведат до предвремено породување. Потребен е адекватен, современ третман, брз и ефикасен за на овие бебиња да им се овозможи брза стабилизација и не само да се насочуваме само во насока на спасување на животот, туку и стабилизација на состојбата за понатаму на бебето да му овозможиме квалитетен живот. Сите што работиме на овие оддели имаме цела фамилија деца кои се веќе големи и задоволство е да го гледаш она што го работиш има позитивен ефект и има позитивен одѕив кај родителите. Секое превремено родено бебе не е различно од другите бебиња, апсолутно е исто, но има еден потежок пат и за него и за неговите родители кои го оди уште од првиот ден, кажа д-р Спасеска.

Проф. д-р Наунова Тимовска истака дека милтидисциплинарната соработка е многу важна, треба да овозможиме силен почеток на овие деца, да дадеме се најдобро од себе, да ги искористиме сите ресурси за да овозможиме тие да напредуваат најдобро што можат, да го постигнат својот максимум во својот развој и да имаат светла иднина, рече проф. д-р Наунова Тимовска.

Тоа е и слоганот за оваа година. „Силен почеток за посветла иднина“. Нашата улога е во подобрување на таа регионална застапеност на целокупната опрема, континуирана едукација, грижа за предвремено родините деца, поголема поддршка за родителите кои се наш најголем сојузник, наши најголеми партнери и учесници во негата на предвремено родните деца, смета професорката Наунова Тимовска..

Според неа, многу е важно соодветно организирање на транспортот, бидејќи е најважно секое дете да добие еднаква шанса за живот.

Така што ако е родено во центар каде што има помали можности, треба да се овозможи негово транспортирање. Најдобро е транспортот да биде направен ин утеро, мајчината утроба е најдобриот инкубатор, таа му пружа најдобра грижа на детето. Тоа значи додека жената е се уште бремена, се пренесува до Клиниката за гинекологија и акушерство како највисока установа во државата. Доколку се роди во друга здравствена установа која нема такви можности, тогаш се пренесува со специјален транспортен сервис, екс утеро, до Клиниката за детски болести, до одделението за интензивна нега и терапија каде што се пружа соодветна нега и грижа за овие предвремено родени бебиња, кажа д-р Наунова Тимовска.

Во вториот панел насловен „Нашите мали борци – гласот на родителите„ говореа музичарот Горан Папаз, дизајнерката и креаторката на содржини Маја Кикириткова, д-р Станка Тенчева Крстевска, специјалист педијатар и офтамологот Игор Исијановски.

Поврзани вести