
Во лето препорачуваме храна која содржи бета каротен во големи количини, а го има во моркови, кајсии, праски, манго, лубеници, дињи, спанаќ, зелена салата, блитва, карфиол, брокула. Избегнувајте месо и оброци богати со протеини. Ова се препораките на надлежните во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кои советуваат каква да биде исхраната во услови на топло време.
„Кога е топло, подобро е да се придржувате до лесни, разновидни, добро избалансирани и редовни оброци, сочинети од сезонски намирници. Храната со висока содржина на вода, исто така ќе ви помогне да бидете хидрирани во летните временски услови. Консумирајте зеленчук со висока содржина на вода, како што се домати, краставици, зелка итн. Внесувајте помалку калории. Консумирајте оброци на течна основа како што се супи и чорби. Консумирајте овошје, посебно лубеница, диња, праска, кајсија. Храна што треба да се избегнува при топло време За време на топлотен бран, треба да избегнувате да јадете многу месо или оброци богати со протеини. Дигестијата на протеини бара поголем дигестивен капацитет, кој создава топлина“, наведено е во препораките.
Како што велат надлежните во ИЈЗ, широк спектар на студии покажале дека некои витамини (Б3, Ц и Е), каротеноиди, масни киселини и полифеноли може да го намалат ризикот од создавање изгореници од сонце, а со тоа да ја заштитат кожата.
„Внесот на разновидно овошје и зеленчук е основата на за здрава и отпорна кожа. Омега-3 масни киселини, витамин Б3, и астаксантин Овие состојки во рибите имаат позитивно дејство врз намалувањето на црвенилото од сончеви изгореници, во зараснување на рани, и да се подобри задржувањето на влагата, а со тоа намалување на појавата на брчки. Како најбогат заеднички извор од животинско потекло за овие три состојки се: лосос, скуша, харинга, сардини ракчиња. Но, нема да згрешите и со другите видови риби“, се додава вон препораките.
Како најбогат заеднички извор од неживотинско потекло за овие три состојки се јаткастите производи како ореви, лешници, бадеми, ф’стаци итн.
„Домати, кајсии, дињи, грозје, праски, лубеници и брусница се најбогат заеднички извор на овие состојки во храната. Со консумирање на овие намирници, можете да ги намалите воспалителните процеси на кожата, предизвикани од дејството на штетните УВ зраци, а со тоа да ги неутрализирате штетните ефекти на изложување на сонцето. Со бета-каротен кожата побрзо добива потемна боја, се намалува и можноста за појава на алергија на сонце, а секако значаен придонес за побавно стареење на истата. За делотворност на бета-каротенот, а со тоа навремена подготовка на кожата за сончање, 2-3 месеци пред летото треба да се зголеми внесот. Важно е да се напомене дека бета-каротенот треба да се зема во неговата природна форма, односно од храна како портокалово овошје и зеленчук и темнозелен лиснат зеленчук, бидејќи токму тогаш е најефикасен. Препорачуваме храна која го содржи во големи количини, како што се: моркови, кајсии, праски, манго, лубеници, дињи, спанаќ, зелена салата, блитва, карфиол, брокула“, се додава во препораките на ИЈЗ.