Skip to main content

Едукативна трибина по повод месецот посветен на борба против ракот на грлото на матката

Во рамки на одбележувањето на Светскиот месец за подигнување на свесноста за рак на грло на матка денеска во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се одржи едукативна трибина.

На трибината, како што соопштија организаторите, ќе се зборува за превенцијата, дијагностиката и третманот на ова заболување, а ќе биде споделено и искуство од родител во однос на ХПВ вакцинацијата.

Ракот на грлото на матката е еден од најчестите и најпревентабилни видови на рак кај жените. Согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во земјава секоја година се дијагностицираат околу 170 нови случаи, а бројот на смртни случаи изнесува 2,9 на 100.000 жени, или во просек 52 починати жени во овој период.

Поврзани вести