Skip to main content

Читањето и пишувањето можат да ја намалат – спречат појавата на деменција за речиси 40 отсто

Со примена на нтелектуалните активности како што се учење странски јазици, читање, пишување се намалува можноста од добивање деменција за речиси 40 отсто, покажува ново истражување на американски научници. Со ова многу луѓе би можеле да го одложат, па дури и спречат развојот на оваа болест.

Според нив демeнцијата се смета за една од најголемите здравствени закани во светот, а бројот на заболени би можел да се зголеми, и до 2050 година да надмине 150 милиони. Ваквиот број може да биде закана за здравствениот систем. По направените истражувања од Медицинскиот центар на Универзитетот „Раш“, во Чикаго, утврдено е дека со секојдневното применување на овие умствени активности, се намалува ризикот од Алцхајмерова болест (најчестиот облик на деменција), и се зачувуваат когнитивните способности.

Според авторката на студијата, Андреа Замит, резултатите укажуваат на силното влијание врз здравјето на мозокот во староста.

-Нашите резултати се охрабрувачки и нагласуваат дека редовното занимавање со разновидни ментални активности може да направи разлика. Инвестирањето во библиотеки и образовни програми што ја поттикнуваат љубовта кон учењето, би можело да придонесе за намалување на зачестеноста на деменцијата, вели Замит.

Во текот на осум години, истражувањето било спроведено врз 1.939 лица со просечна возраст од 80 години, кои на почетокот немале деменција. На тој начин, експертите ги увиделе нивните навики, средината, образовните ресурси во детството и подоцнежниот живот. Со тоа заклучиле дека сето тоа влијае на појавата и развојот на деменцијата.

Поврзани вести