Skip to main content

Џон Тери ќе стане сопственик на Колчестер

Facebook / John Terry

Поранешниот капитен на Англија и Челзи, Џон Тери, ќе стане сопственик на Колчестер јунајтед. 

Според „Мирор“, 45-годишниот Тери ќе биде дел од група која планира да го купи клубот за 14 милиони фунти.

Колчестер јунајтед игра во четвртата по квалитет лига на англискиот фудбал. По 42 натпревари, тимот е 13-ти со 60 бода.

Тери се пензионираше во 2018 година. Со Челзи, тој ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа, пет титули во лигата, пет ФА купови, три Лига купови и два Комјунити шилдови.