
Болницата во Прилеп доби два нови медицински апарати и тоа лапароскопски столб за уролошко одделение и
артроскопски столб за ортопедски одделение со 4К резолуција.
Воведуваме и новини со оваа опрема. Вредноста на двата апарати е околу 45.000.000 денари, продолжуваме да инвестираме во опрема во сите региони подеднакво, вели министерот за здравство Арбен Таравари кој денеска беше во посета на прилепската болница.
Од болницата велат дека станува збор за лапароскопски столб со кој ќе се работат два типа на операции : лапароскопски и ендоуролошки.

Двата апарати се со 4К резолуција што ни дава подобра слика на ткивата на органите и тоа не дава право на грешка на докторот. Со овие апрати ќе ни биде многу олеснета работата при интервенциијата. Пациентите ќе ги третираме во нашата болница, нема да има потреба да одат во други градови, изјави д-р Кире Јоноски, директор на прилепската болница.
Директорот на болницата во Прилеп изјави дека е планирана нова опрема скоро за сите оддделенија, нов дигитален рендген, еег апарат, столб за анестезија..
Ќе имаме новини на очното одделение. На сите одделенија треба да се вратат по еден, двајца доктори кои се на специјализација. На гинекологија теба да се врати една докторка, пред една недела заврши со специјализацијата, потоа на хирургија двајца, ортопедија двајца. Не ја знам точната бројка за сите, изјави д-р Јоноски, кој дополни дека во најскоро време во болницата во Прилеп треба да имаат уште девет приватни специјализанти.