Skip to main content

Соучениците од виничката гимназија „Ванчо Прќе“ му приредија пречек на херојот Јован Костадинов

фото: Принтскрин

Соучениците од виничката гимназија „Ванчо Прќе“ му приредија пречек на херојот Јован Костадинов.

Тој кобната ноќ на 16.03, кога се случи катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани успеа да извлече 20 деца и да ги спаси од огнените јазици.

Граѓаните во многу објави на социјалните мрежи му се заблагодаруваат на Јован, за кого велат дека е „тивкиот херој“ на драмата што ја зави цела Македонија во црно, му се восхитуваат и ги повикуваат властите да му доделат орден за храброст.

Тој беше надвор за време напожарот, успеа да најде вода во близина, ја натопи маицата што ја стави преку лицето и без двоумење влезе внатре низ страничната соба за да ги спаси луѓето“, се вели во една од објавите на социјалните мрежи.

Поврзани вести