Skip to main content

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите

Утре, во текот на ноќта, и в петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на метар квадратен), а локално ќе има услови за појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.

Поврзани вести