
Времето утре ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе се движат меѓу 29 и 37 степени.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во Скопје времето ќе биде слично – сончево и топло, со мала до умерена облачност и северен ветер.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, новата работна седмица ќе донесе стабилно, многу топло време. Температурите ќе надминат 35°C, а на одделни места ќе достигнат и до 40°C.