
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска повторно издаде жолто ниво на предупредување од поплави.
Предупредувањето е издадено поради постоење на потенцијална опасност од излевање на реките.
Исто така, предупредувањето покрај денешниот, важи и за утрешниот ден.
Инаку, УХМР имаше вакво предупредување имаше издадено и минатата недела за време на обилните дождови кои ја зафатија Македонија.
Западниот и југозападниот дел, вклучително и Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, се во категорија со мала опасност. Но УХМР предупредува дека ниските делови покрај Вардар, Брегалница, Пчиња, Струмица и Радика треба внимателно да следат како се движи водостојот, бидејќи токму тие реки најбрзо реагираат на нагли врнежи.
Речните сливови веќе покажуваат тенденција на зголемување: Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, Пчиња, Струмица, па дури и водотеците што пристигнуваат од Шар Планина. Иако последните три дена имаше пауза од дожд, високата заситеност на земјиштето ќе овозможи побрза и понагласена реакција на сите речни текови“, информираат од Управата.
УХМР предупредува дека во услови на обилен дожд може да се појават локални излевања, активирање на помали реки и суводолници, па дури и заезерување на водата поради високи подземни води. Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено оние кои живеат покрај реки, ниви и ниски зони каде што водата најчесто надоаѓа прва.

Македонски








