Skip to main content

Студен бран од Русија ќе ни го донесе првиот снег на почетокот на октомври

Новата седмица ни носи многу поладно време со невообичаено ниски температури на воздухот за самиот крај на септември и за почетокот на месец октомври. Температурите ќе бидат дури за 10 степени потпросечни, најавува Славчо Попоски.

Токму ова е поради влијанието на многу поладен воздух кој ќе се спушти од исток и од североисток односно од Русија кон нашиот дел од eвропскиот континент. Исто така новата седмица ни носи нови обилни врнежи од дожд и големо количество на воден талог, особено во вотрата половина од седмицата.

Поради заладувањето во Македонија го очекуваме и првиот снег на планините за оваа сезона.

Што се однесува до регионот, снежната граница би можела да се спушти дури и пониско (до околу па дури и под 1000 метри надморска височина) тоа значи дека појава на снег ќе има и во повисоките населени места, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

Поврзани вести