Skip to main content

Сообраќајот е отежнат: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Обилниот дожд што денеска го зафати Пијанечкиот регион попладнево резултираше со нови одрони на патот Делчево – Македонска Каменица. Вечерва одрони се регистрирани на повеќе локации од магистралата А3, а посебно се апелира возачите да внимаваат кај село Илиово, на излезот од Македонска Каменица кон Кочани и на излезот од Делчево кај село Очипала.

Од Македонија Пат потврдуваат дека нивни екипи се наоѓаат на терен на некои од посочените локации, со цел ублажување на последиците од одроните.

Нивниот апел е во насока на претпазливо движење и сите оние кои се наоѓаат во движење на магистралата да бидат крајно претпазливи и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Поради дождот сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.