Skip to main content

Снег ни на повидок: Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови, најавува Славчо Попоски.

Сепак и покрај ова тепературите и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.

Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.

И во Скопје и околината ќе има слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, соопшти Славчо Попоски

Поврзани вести