Skip to main content

Следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд

freepik

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 l/m2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Поврзани вести