Skip to main content

Поради боево гаѓање утре од 8:00 до 15:00 часот забрането секакво движење кај Виречка Полјана, Делчевско

Поради боево гаѓање, кај месноста Виречка Полјана, Делчевско, утре од 8:00 до 15:00 часот е забрането секакво движење на жители и добиток, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Делчево. 

На ден 24.04.2025 година (четврток) во периодот од 8.00 часот до 15.00 часот ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје на привременото стрелиште на место викано Виречка Полјана, атар на село Вирче. За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни, се вели во соопштението од РЦУК Делчево.

Предупредувањето, како што додадоа, е со посебна важност за населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци. 

Поврзани вести