Skip to main content

Попладне посебен сообраќаен режим поради протестот на ССМ

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17:00 часот во Скопје ќе функционира посебен режим на сообраќај поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Протестниот марш ќе започне во 17:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикати на улицата „Мирче Ацев“, по што учесниците ќе се движат низ централното градско подрачје по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“, како и по булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.

Поради движењето на колоната, полицијата ќе воведе привремени сообраќајни ограничувања и пренасочувања на возилата по дел од овие улици, во зависност од динамиката на протестот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските екипи ќе бидат на терен за да го регулираат сообраќајот и апелираат до граѓаните да ги почитуваат нивните насоки и наредби.

Оттаму препорачуваат возачите навреме да ги испланираат своите обврски и, доколку е можно, да користат алтернативни правци за движење.

Поврзани вести