Skip to main content

Под контрола два пожари на отворен простор

Податоците на Центарот за управување со кризи покажуваат дека во моментот во државава има два пожари на отворен простор кои се под контрола.

Според ЦУК, под контрола се пожарот на планината Готен кон беровска страна каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација и пожарот кај селото Стровија во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума.

Поврзани вести