Skip to main content

Од денес почнува обврската за зимска опрема во возилата

i-eagle123 from Pixabay

Со почетокот на зимската сезона, од денес сите возачи во земјава се должни да ги опремат своите возила со зимска опрема. Законот за безбедност во сообраќајот јасно определува дека таа важи и за возење во град, а не само надвор од населени места.

Зимската опрема, како што истакнуваат експертите, подразбира:

За возила со погон на две тркала: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри или летни пневматици со истата длабочина и носење соодветни синџири за снег. Синџирите се поставуваат на погонските тркала.

За возила со погон на сите четири тркала: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри или летни пневматици со минимална длабочина од 4 милиметри и соодветни синџири за снег. Ако погон е постојан, синџирите се поставуваат на задната осовина, а ако е преклоплив, на постојано вклучената осовина.

Експертите предупредуваат дека две зимски гуми или само погон на сите четири тркала не заменуваат целосна зимска опрема и не се доволни за безбедно возење.

За да се сметаат за зимски, пневматиците мора да имаат ознака MS, M+S или M&S и симбол на снегулка на стилизирана планина со три врва. Пневматиците кои имаат само ознака M+S не ги исполнуваат законските барања.

Со оваа мерка, надлежните сакаат да го зголемат нивото на безбедност на патиштата и да ги намалат ризиците од сообраќајни незгоди во зимски услови.