
Нашата територија од денес (31 мај сабота) започна полека да потпаѓа под влијание на најавениот топол бран кој е со потекло од Африка, што значи дека температурите од ден на ден се повеќе ќе растат. Инаку, денес најтопло до 17 часот беше во Гевгелија со измерена максимална температура од 28 степени.
Сепак попладнево, особено во источните предели имаше локален краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.