Skip to main content

До крајот на неделава ќе е сончево и топло

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, прогнозираат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Слично време нè очекува до крајот на неделата.

Поврзани вести