
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура е во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.
Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и топло. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.