
Денес во Македонија и на северната хемисфера почнува зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.
Денеска е недела, 21-ви декември 2025 година, 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.
Денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга. Денеска Сонцето ќе изгрее најјужно и ќе има најмала височина напладне. Сепак, должината на денот не е иста насекаде на северната хемисфера. Како што одите на север, должината на денот станува пократок и обратно, како што одите кон екваторот, денот станува подолг. Од утре денот полека ќе почне да се зголемува до летната долгоденица, околу 21 јуни.

Македонски






