
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 29 до 39 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец и максимална днена температура до 39 степени Целзиусови.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури до 39 Целзиусови степени. Ќе дува умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.