Skip to main content

Без струја делови од Аеродром, Сарај и Чаир

Без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Аеродром, Сарај и Чаир, информираат од РЦУК.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Горно Лисиче“ во село Долно Лисиче, општина Аеродром, а во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. „Тодор Чангов“ 49, ул. „Тодор Чангов“ 53, ул. „Тодор Чангов“ 51 и ул. „Диме Илиевски Мурато“, исто така во општина Аеродром.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 10:30 до 13:00 часот, ќе имаат дел од корисниците на селата Сарај и Грчец во општина Сара, а во периодот од 08:00 до 10:30 часот, дел од Сарај и стопански објекти на: Адем Иљаз, Ислам Абази, Млекара Глумово, Драче Сарај, Бензиска Пумпа Сарај, исто така во оваа општина.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, пак, без струкја ќе бидат корисниците од ул. „Џон Кенеди“ зграда бр. 5 и зграда бр. 16, ул. „Џон Кенеди“ зграда бр.9 и зграда бр. 9А, ул. „Џон Кенеди“ објекти-куќи бр. 24, бр. 26, бр. 28, бр. 30 во општина Чаир.

Поврзани вести