
Денес, хеликоптерот Ми-8МТ од Хеликоптерскиот сквадрон на воздухопловниот ВИНГ учествуваше во акцијата за гасење на шумскиот пожар во село Николиќ, Општина Дојран, информираат од АРМ.
Со испуштање на 45 тони вода (18 ведра) на најкритичните жаришта, операцијата започна околу 13:00 часот и траеше 3 часа и 10 минути.
Акцијата беше спроведена во тесна соработка со локалните и државни институции за што побрзо и поефективно гасење на пожарот.
Армијата останува во готовност за понатамошна поддршка ако е потребно.