Бил Гејтс призна дека разводот од Мелинда Гејтс по 27 години брак секогаш ќе биде нешто за што најмногу ќе жали во животот.
Сега сум просветлен, подобро расположен“, призна Бил Гејтс во интервјуто за лондонскиот Тајмс, објавено во саботата, но додаде дека исходот од неговиот брак е „грешката за која најмногу жали“.
Иако имал други неуспеси во текот на животот, 69-годишниот ко-основач на Мајкрософт изјавил дека разводот е „на врвот на листата“.
Разводот одбележа најмалку две тешки години за мене и Мелинда“ смета Гејтс.
Поранешната двојка одржа пријателски однос по разделбата.
Јас и Мелинда сè уште се гледаме – имаме три деца и двајца внуци, па има семејни настани. Децата се добро. Имаат добри вредности“, рече Гејтс.
Милијардерот исто така рече дека неговиот брак со Мелинда го држел „приземјен“ додека ја градел својата компанија вредна трилиони долари.
Бил и Мелинда се венчаа во 1994 година и имаат деца Џенифер (28), Рори (25) и Фиби (22). Двојката го потврди разводот во мај 2021 година, иако беа разделени една година пред објавувањето.