Skip to main content

„Пифтијада 2026“ за Водици во Крива Паланка: Над 4.000 традиционално подготвени пивтии, скара, греано вино, топол чај и греана ракија

Во понеделник, 19 јануари 2026 година, во Крива Паланка свечено ќе биде одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, еден од најзначајните денови во православниот календар.

Одбележувањето ќе започне со Света Божествена Литургија во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, по што ќе следува традиционалната црковна поворка на верниците од храмот до Кејот на Крива Река. Таму ќе се изврши осветување на водите на Крива Река и фрлање на Светиот Крст, чин кој го симболизира Христовото крштевање, духовното прочистување и Божјиот благослов за сите учесници и граѓани.

По завршувањето на црковниот дел, на Градскиот плоштад ќе се одржи свечена празнична програма во рамки на манифестацијата „Пифтијада 2026“. Присутните ќе можат да уживаат во над 4.000 традиционално подготвени пивтии, скара, греано вино, топол чај и греана ракија. Богатата празнична програма и атмoсферата ќе ги создадат Ленче Кукиќ и нејзиниот бенд, во духот на македонската традиција.

Кривопаланечкото гостопримство ги очекува сите добронамерници и посетители, заеднички во духот на заедништвото и традицијата да го одбележиме празникот.

Богојавление – Водици е празник кој ги обединува верата, традицијата и заедништвото. Општина Крива Паланка и годинава создава услови овој светол христијански ден да биде одбележан достоинствено, масовно и во духот на нашите вековни обичаи, вели градоначалникот Митовски.

Најсреќниот извлекувач на Светиот Крст ќе биде наградeн и свечено прогласен, како дел од долгодишната традиција на празникот.

Општина Крива Паланка ги повикува сите граѓани, верници и гости да присуствуваат и заеднички да го одбележат празникот Богојавление – Водици, во духот на христијанската вера, македонската традиција и заедништвото.

Поврзани вести