Skip to main content

Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор

Од утре до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседател на Државниот збор на Словенија, поради што во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. 

Поврзани вести