Skip to main content

Србин му го спасил животот на Македонец кој се давел во Олимпик бич

Србин му го спаси животот на маж од Македонија, oбјави страницата „Грчка инфо“. Сопруг и сопруга држејќи се за раце влегле во вода во „Олимпик бич“. Сопругот не знаел да плива. Тие се движеле на околу 50 метри од брегот, каде што водата била длабока до половината, кога слушнале крик и повик за помош.


Во тој момент, млад човек од Србија, кој бил на плажа, скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата за да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата и да го изнесе на брегот!


За среќа, меѓу капачите докторка по професија, која веднаш започнала со реанимација. По одредено време, човекот почнал да покажува знаци на живот – ги помрднувал рацете и нозете.


Видеото погледнете го овде

Поврзани вести