
Со доаѓањето на новата 2026 година, многу луѓе низ светот се потсетуваат на старите верувања и обичаи кои, според традицијата, носат среќа, љубов и просперитет во следната година.
Во Шпанија и некои земји од Латинска Америка, на пример, луѓето јадат 12 зрна грозје во последните секунди од старата година – едно зрно за секој месец од наредната година. Веруваат дека секое зрно носи среќа, здравје и успех.
Во некои делови на Европа и Блискиот Исток, постои верување дека првиот гостин што ќе влезе во домот по полноќ „носел“ среќа за целата година. Доколку тој човек е маж, висок и со темна коса, тоа се смета за особено поволно.
Други обичаи се однесуваат на облеката и боите. Црвената се смета за љубов и страст, златната или жолтата – за богатство, а зелената – за здравје и хармонија. Во некои семејства, домаќинките ги чистат куќите пред полноќ, со надеж дека ќе ги „отстранат“ лошите вибрации и ќе ја привлечат добрата енергија.
Бакнежот со саканата личност веднаш по полноќ е традиција која симболизира љубов и хармонија, додека ставување пари во паричник или џеб на полноќ, според верувањата, гарантира финансиска среќа.
Некои култури практикуваат и палкање свеќи или огнови, со надеж дека светлината ќе ги исчисти старите проблеми и ќе донесе нова енергија и среќа.
Новогодишните верувања и обичаи се различни низ светот, но сите имаат една заедничка порака – надежта дека новата година ќе донесе радост, здравје и исполнети желби.

Македонски






