
Една од најпознатите туристички атракции во Америка, Холивудската патека на славните, неодамна е прогласена за најлоша туристичка атракција на планетата.
Ако отсекогаш сте го замислувале Холивуд како место на вечен сјај, луксуз и кинематографска магија, новите откритија може да ве шокираат.
Иако Соединетите Американски Држави се полни со атракции кои привлекуваат милиони посетители, од знаменитости во Њујорк и филмски локации, до импресивни национални паркови, до егзотични плажи – оваа холивудска икона се најде на самото дно на листата.
Студија вклучи 101 од најпознатите атракции во светот, а критериумите вклучуваа оценки на посетителите на Google, ниво на безбедност, оддалеченост од најблискиот аеродром, квалитет на сместување во близина и популарност на социјалните мрежи, особено TikTok.
Резултатите покажаа дека големата слава не гарантира позитивно искуство.
Холивудската патека на славните имала најниска просечна оценка од посетителите, лоши оценки за безбедност и дополнителен минус поради оддалеченоста од аеродромот LAX, кој е оддалечен околу 37 километри.
Патеката на славните се протега по должината на Холивуд булеварот и улицата Вајн, и се состои од повеќе од 2.800 ѕвезди вградени во тротоарот, посветени на познати личности од светот на филмот, музиката, телевизијата, радиото и уметноста, како и на историски имиња како што е Нил Армстронг.
Листа на 10-те најлошо оценети туристички атракции:
Холивудска патека на славните, Лос Анџелес
Мртво Море, граница Јордан-Израел
Голема чаршија, Истанбул
Кинески ѕид, Кина
Викторија Харбор, Хонг Конг
Музеј МОНА, Тасманија
Стоунхенџ, Обединето Кралство
Дизниленд Париз, Франција
Килиманџаро, Танзанија
Мачу Пикчу, Перу
Десетте најдобри туристички атракции во светот:
Саграда Фамилија, Барселона, Шпанија
Колосеум, Рим, Италија
Ајфелова кула, Париз, Франција
Милфорд Саунд, Нов Зеланд
Волт Дизни Ворлд, Орландо, САД
Пирамидите во Гиза, Египет
Христос Спасителот, Рио де Жанеиро, Бразил
Национален музеј за природна историја Смитсонијан, Вашингтон, САД
Дизниленд Калифорнија, САД Земји
Токио Дизниленд, Јапонија
Заклучокот на многу патници е јасен, познато име не секогаш значи незаборавно искуство, објавува mensjournal.

Македонски




