
Поврзување на бизнис секторот со Универзитетот „Гоце Делчев“( УГД)- Штип со поддршка на државата е целта на денешното промовирање на Центар за циркуларна економија во објектот на факултетите на Кампус 2. Марија Дуковска-Павловска, претседател на Центар за циркуларна економија, вели ова значи дека се отвораат можност да се користат сите расположливи ресурси, намалување на отпадот и создавање нови работни места.
-Сакам да нагласам дека ова е втора година на постоење на овој центар и наша цел е овој центар да прерасне во платформа што ја поврзува силата на бизинсот, знаењето на универзитетите и политиките на државата. Тоа значи поворно користење на ресурси, намалување на отпадот и доздавање на нови работни места, вели Дуковска Павловска.
Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски рече дека ова ќе значи искористување на многу ресурси, кои не се доволно искористени денес, како и нови знаења за професорите и студентите. Целта е да се развиваат нови проекти во циркуларната економија.
-Студентите ќе работат со реални проблеми, ќе може да го истражуваат квалитетот на материјалите, од аспект на нивните технички и механички својства, така и од можното влијание на животната средина, рече Мираковски.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески додаде дека преку овој Центар за развој на циркуларната економија ќе се овозможи преку инволвирањето на научната фела подобрување на перформансите на голем број фабрики.
-Оваа современа лабораторија многу значи пред се за стопанството, бидејќи тука ќе имаме на еден начин поврзување на научната фела со бизнис секторот во Македонија во интерес на циркуларната економија, вели Ристески.
Околку 53 илјади евра се издвоени за финансирање на Центарот на циркуларната економија, а како што посочи Ристески, тие продолжуваат и во иднина со исти заложби.

Македонски






