
Ако ви треба брз, едноставен и сочен десерт, овој колач со вишни е идеален избор. Се подготвува за само неколку минути, а резултатот е вкусен и освежителен колач кој ќе го обожавате.
Состојки:
100 мл. масло
100 грама шеќер
1 ванилин шеќер
2 јајца
100 мл. јогурт
120 грама брашно
50 грама мелени бадеми
½ кесичка прашок за печиво
180 грама вишни (ако се замрзнати, одмрзнати и исцедени)
шеќер во прав за одозгора

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C. Подгответе помал плех (24–26 см) и обложете го со хартија за печење.
Во длабок сад, ставете ги јајцата, шеќерот и ванилата па матете со миксер околу 2 минути на најголема брзина, кога ќе се направи пенаста смеса додадете ги останатите состојки освен вишните и мешајте со лажица додека се добие мазна смеса.
Смесата излејте ја во подмачкан плех. Одозгора наредете ги вишните, исечени на половинки.
Печете околу 25 минути, или додека чепкалка извадена од средината не излезе сува.
Оставете го колачот да се излади, па наросете со шеќер во прав.
Совет: Одличен е и со топка сладолед или шлаг за дополнителен вкус