
Овој посен колач со малини е вистински пример како од едноставни состојки може да се добие богат вкус и мека текстура.
Идеален е за појадок, десерт или лесна закуска со кафе, а благодарение на киселата вода добива неверојатна воздушеста структура.
Потребни состојки:
- 400 мл кисела вода
- 400 г шеќер
- 200 мл масло
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка прашок за печиво
- 600 г брашно
- рендана кора од 1 лимон
- 2 раце замрзнати малини (или по желба: вишни, капини)
Постапка:
Во длабок сад сипете ја киселата вода, додајте шеќер, масло и ванилин шеќер.
Мешајте со миксер додека да се добие изедначена и мазна смеса.
Додајте го брашното и прашокот за печиво, па продолжете со мешање додека да се добие густа, но мазна смеса без грутки.
На крај додајте ја ренданата кора од лимон и лесно измешајте.
Подмачкајте плех (околу 30 см) со масло и набрашнете го.
Сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја.
Одозгора додајте ги малините без одмрзнување.
Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 15–20 минути, додека да добие златна боја и внатрешноста да остане мека.

Македонски


