Skip to main content
ExlGq4eOOtE

Леб од кој килограмите сами се топат – потребни ви се само две состојки

Ако сте на диета и сакате вкусен, здрав и лесен леб – пробајте го популарниот леб од ленено семе, кој има бројни здравствени придобивки!

✔ Без глутен
✔ Низок гликемиски индекс (само 35)
✔ Богат со влакна, витамини и минерали
✔ Ја поттикнува работата на дигестивниот систем

🥣 Состојки:
100 г ленено семе
6 белки

Приготвување:
Вечерта пред приготвување на лебот, ставете го лененото семе да отстои во вода, за да набабри. Наредниот ден добро исцедете го и ставете го во блендер.

Од јајцата одвоете ги белките и додајте ги врз набабреното ленено семе. Блендирајте додека смесата стане ситна, но внимавајте да не претерате – треба да биде меленo, а не во прав. Повремено чистете ја смесата од ѕидовите на блендерот за да се добие рамномерна структура.

Смесата сипете ја во калап за печење обложен со хартија за печење и печете околу 35 минути на 180°C. По завршување на печењето, исклучете ја рерната, но оставете го лебот внатре уште 45 минути, за да не „падне“ нагло на собна температура.

Овој леб е совршен избор ако сакате да слабеете, а да не се откажете од лебот!

Зошто е добро лененото семе?

Како и сите семиња кои се богати со здрави масти, лененото семе има значителна енергетска вредност. Во 100 грама ленено семе има околу 534 калории.

Покрај тоа, лененото семе е богато со протеини – околу 18,28 грама на 100 грама производ. Често се препорачува да се комбинира со месо, бидејќи ленот не содржи лизин, важна аминокиселина.

Дополнително, лененото семе е одличен извор на витамини и минерали, пред сè на витамин Б1, фосфор и бакар, како и растителни соединенија како п-кумаринска киселина, ферулна киселина, цијаногени гликозиди, фитостероли и лигнани.

Овие семиња спаѓаат и меѓу најевтините, особено ако ги купувате на рафтови или на мерење во продавници за здрава храна.

Поврзани вести