Skip to main content

Евтин и вкусен домашен чоколаден сладолед

Pixabay

Рецепт за подготвување на домашен чоколаден сладолед, кој има полн вкус, а за кој не се потребни многу состојки.

Состојки:

  • 1 чаша млеко
  • ¼ чаша какао во прав
  • ½ чаша шеќер
  • екстракт од ванила (по вкус)
  • ½ чаша шлаг или слатка павлака
  • чоколадни мрвици за декорација

Подготовка:

Ставете ги млекото, какаото во прав и шеќерот во тенџере. Додадете екстракт од ванила по вкус, а потоа почнете да ја варите смесата на умерена температура додека не се згусне, со повремено мешање за да не се згрутчи или загори. Тргнете го тенџерето од оган и оставете ја смесата целосно да се олади.

Со миксер матете го шлагот додека не стане цврст. Нежно измешајте ја изладената чоколадна смеса со шлагот. Истурете ја смесата во сад или калап, наросете со трошки од чоколадо. Ставете во замрзнувач најмалку 6 часа или најдобро преку ноќ.

Совет:

Ако сакате уште поинтензивен вкус, додадете една лажица растопено темно чоколадо во смесата пред да ја замрзнете.

Поврзани вести