Skip to main content

Ем посна, ем здрава – четиридневна диета со качамак

фото: Freepik

Диетата со качамак може да ви помогне да го пронајдете својот баланс, кога станува збор за исхраната.

Основата на качамакот е пченкарно брашно, а со оглед на тоа што не содржи глутен, тој не е само вкусен предлог за појадок, туку и еден од најздравите избори што можеме да ги направиме. Пченкарното брашно содржи големо количество на хранливи состојки што му се неопходни на нашето тело, како и минерали и витамини А, Е и Б. Покрај тоа, богато е со фосфор, цинк, калиум, магнезиум, манган и селен. Одлично влијае врз перисталтиката на цревата и рамнотежата на бактерии во цревната флора, што значи дека е добро не само за варењето, туку и за имунитетот.

Комплексните јаглехидрати во комбинација со влакната од качамакот долго се варат, па подолг временски период ќе чувствувате ситост, а притоа го стимулираат доброто варење и спречуваат констипација, што е честа последица од брзите диети.

Од друга страна, диетата со качамак која трае 4 дена, ќе му ги обезбеди на вашето тело неопходните витамини и минерали, ќе ги прочисти цревата и ќе го забрза метаболизмот. Исто така, качамакот помага да се снижи нивото на холестерол во крвта.

Прв ден

400 г палента

1 краставица

1 домат

1 јаболко

2 л вода

Втор ден

Повторете го менито од првиот ден.

Трет ден

400 г палента

салата од 300 г зелена салата, 200 г свежа зелка, 2 моркова, малку лимонов сок и 1 лажиче маслиново масло

2 л вода

3 шолји зелен чај без шеќер

Четврти ден

Повторете го менито од третиот ден.

Додека сте на диета со качамак, пијте многу вода и јадете мали порции кога ќе почувствувате глад.

Поврзани вести