
„Креативниот ден“, препознатливиот настан во Битола во организација на Божиловиќ продукција во соработка со ЕАМ , текстилната компанија од Штип, го започна новиот младински креативен конкурс за дизајн на маица, наменет за средношколци кои сакаат преку визуелен израз и порака да го претстават својот став, идентитет и креативност.
Конкурсот им дава можност на учениците:
– да создадат авторски дизајн со сопствена порака
– да бидат јавно претставени
– да стекнат вредна референца за своето портфолио.
Право на учество имаат ученици од средни модно-текстилни училишта од целата држава.
– Направи уникатен дизајн, кој ќе пренесе некоја порака или едноставно ќе биде естетски и визуелно специфичен и интересен
– Финалниот дизајн (во било каков формат), со име и презиме на ученикот и училиштето од каде што доаѓа, се испраќаат на [email protected]
Конкурсот трае од 1 март до 1 април 2026 година, а пристигнатите трудови ќе ги оценува стручно жири.
Победникот на конкурсот ќе добие:
– 30 маички со реализиран сопствен дизајн,
– Признание, врачено за време на Креативен Ден 2026,
– Едукативна посета на фабриката на ЕАМ, каде што ќе има можност да го следи целиот процес – од предиво до финален производ, на едно место.
Ваквите иницијативи се вистинска можност младите креативци да го почувствуваат предизвикот на натпреварувањето, да излезат со свој став и да добијат чувство дека некој го вреднува нивниот труд и талент. Конкурсите не се само награди – тие се самодоверба, храброст и прв чекор кон професионално докажување. Ги охрабрувам сите средношколци да учествуваат.
Вашата креативност заслужува сцена“, истакна Весна Божиловиќ од Божиловиќ продукција, организаторот на Креативниот ден.
Стручно жири составено од КД. и ЕАМ ќе ги разгледува цртежите и ќе одбере победник кој ќе биде поканет како специјален гостин на КРЕАТИВЕН ДЕН 2026 покрај наградата за освоено прво место (Признание, 30 маици со сопствениот дизајн и посета на текстилната компанија). Креативниот Ден 2026 Битола, оваа година ќе се одржи на 28.04 а темата на која младите креативци ќе работат е „Филм“. Настанот ја обединува најсилната млада модна енергија во земјата и го презентира потенцијалот на новата генерација модни креативци. Повеќе од 30 тимови од девет средни училишта и девет градови, ќе учествуваат во петтото јубилејно издание на овој уникатен едукативно-креативен моден настан, каде што младите дизајнери работат рамо до рамо со професионален дизајнер-ментор и Дама која ја носи и презентира нивната креација на ревијата.

Македонски

