Skip to main content

Загина братот на Дарко Лазиќ

Братот на Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ, загина денес во сообраќајна несреќа во близина на Шабац. Во моментот на несреќата возел мотор.

Според информациите, сообраќајната несреќа се случила во општината Владимировци во близина на Шабац.

На Дарко не смееја да му кажат дека загинал на лице место. Дури подоцна му ја соопштиле веста поради реакцијата. Целото семејство е во тага и болка. Сè се случило во Шабац – изјавил извор близок до семејството за „Блиц“.

Дел од медиумите се обиделе да ја контактираат мајката на Дарко и Драган, а на нејзиниот телефон одговорил член на семејството.

Не можеме да разговараме сега, Гаги имаше сообраќајна несреќа. Јавете се подоцна, рекол членот на семејството кој одговорил на повикот.

Поврзани вести