Skip to main content

Во каква боја да ја украcите новогодишната елка оваа година?

Freepik

Со приближувањето на празниците, најубавиот момент е украсувањето на елката – срцето на домот во декември. Правилниот избор на боја може целосно да ја промени атмосферата во вашиот простор. Еве неколку трендовски комбинации за 2025 година кои гарантираат магичен празничен ефект.

  1. Кралско сино и сребрено – елеганција без грешка

Оваа комбинација доминира последниве сезони. Сината носи длабочина и мир, а сребрената додава студенкаст сјај како зимска бајка. Одлична е за модерни домови со неутрални тонови.

  1. Чисто бело – минимализам што блеска

Бела елка или бели украси на зелена елка создаваат снежен, чист и луксузен изглед. Додајте мат детали, неколку стаклени топчиња или транспарентни украси за уште поспокоен ефект.

Фото: Freepik
  1. Црвено и златно – класика што никогаш не старее

Ако сакате топлина, традиција и празничност, ова е идеалната комбинација. Црвеното асоцира на празничната возбуда, а златното дава богатство и раскош. Демек – „домашно, топло, новогодишно“.

  1. Розово злато и шампањ – модерна романтика

За нежни, светли простори, оваа боја е хит. Комбинирајте мат и сјајни нијанси, додајте бели LED светилки – и елката ќе изгледа инстаграмски совршено.

  1. Зеленo и дрвено – природна, „сканди“ празнична приказна

Ако вашиот дом е со природни материјали, дрво и топли тонови, комбинирајте зелени орнаменти, јутени панделки, дрвени украси и топли светилки. Елката изгледа смирено, топло и природно.

Совет:

Ако не можете да се одлучите, држете се до максимум две главни бои и една неутрална (бела, сребрена или златна). Така елката ќе изгледа стилски и избалансирано.

Поврзани вести