
Трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани секојдневно добива нови размери, нови димензии, кои освен катастрофа ја претвораат и во политичка афера. И додека земјата на вечните почивалишта на трагично загинатите млади луѓе е се’ уште свежа, во очи на локалните избори трагедијата се користи и злоупотребува за препукување помеѓу одредини политички субјекти и поединци, според многумина, за „некрофилско“ собирање политички поени.
Најсвежиот пример е гостувањето на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски во поткастот „Стадион“ на Канал 77 кај новинарот Столе Наумов.
Имено, Крстевски кој на оваа функција дојде по разрешувањето, односно оставката на Венко Папазов по трагедијата во ноќниот клуб, во поткастот прстот го впери во Панчо-ДНК како главен виновник за трагедијата во „Пулс“! Посочи дека тој е лицето кој што го предизвикал пожарот, а како таков не е опфатен со обвинение! При тоа дополнително ќе обвини дека една недела пред трагедијата во Кочани, ДНК имале концерт во една скопска дискотека, каде исто така пиротехиката то ј носеле и активирале предизвикала пожар кај звучиците, кој наводно бил гасен со кибла за мраз!
Ваквите шокантни тврдења дополнително ја згрозија јавноста. Од една страна што по повеќе од 6 месеци Панчо почина.

Од друга страна ваквата изјава на Венко Крстевски – в.д. градоначалникот на Кочани и независен кандидат кој претендира да освои и нов градоначалнички мандат е само уште еден „некрофилски обид“ да се соберат предизборни политички поени. На истата реагиираа мноштво граѓани, меѓу кои и некои од познатите лица и јавни фаци.
Така, некогашниот кошаркар и доскорешен претседател на КФМ, екс НБА ѕвездата Перо Антиќ како близок пријател на Панчо, не издржа, па јавно го прозва кочанскиот градоначалник и тоа со пцости:
„Иди у три лепе ПМ,бре деилу! Имаш ли ти малце осет креенуеден! Сите имате информации, се’ знаете за лајкови. Човекот што им кажува на сите да излезат, што спасуваше луѓе, што се бори за живот!За политички поени се*еш сега! Од вакви како тебе не бива ништо во државава, за жал! Си има установи да кажат, што, како, јеале те твоите информации, кло*ар еден! – го прозва Перо Антиќ гостинот во поткастот на Канал 77, па тоа видеопарче со се сопствените „ сочни коментари“ го споделил на своите Инстаграм приказни.
