Skip to main content
9cll8AdvJeo

Уапсен шеф на италијанската мафија: Се криел во посебно засолниште зад радијатор 

Чиро Андолфи, по кого се трагаше од 2022 година и беше на списокот на италијанското Министерство за внатрешни работи на 100-те најопасни бегалци, е уапсен во областа Бара во Неапол, пренесува ilsole24ore.

49-годишникот беше осуден на 8 години, 3 месеци и 10 дена затвор за кривични дела, вклучувајќи учество во мафијашка криминална организација, изнуда со употреба на мафијашки методи и корупција.

Тој бил уапсен на Виа Џулија Лама, каде што бил пронајден како се крие во специјално изграден простор во ѕидот на неговиот стан. Влезот во засолништето бил незабележлив, бидејќи Адолфи направил отвор во ѕидот, кој бил покриен со радијатор.

Овој едноставен метод му помогнал… да остане невидлив три години.