Skip to main content

Таа ужива, а тој и го бакнува стомакот: Пријовиќ блеска во бременоста

Facebook/Aleksandra Prijovic

Пејачката Александра Пријовиќ, по успешната турнеја „Од исток до запад“, која сруши бројни рекорди, објави дека се повлекува за кратко време од најдобри можни причини, таа и нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, го очекуваат своето второ дете. Двојката веќе има син, Александар, а како што пишуваа медиумите, сега очекуваат девојче, што отсекогаш била нејзина желба.

Александра не е претерано активна на социјалните мрежи и речиси никогаш не споделува слики од приватниот живот, па последната објава привлече големо внимание.

Прегрната со својот син додека тој го бакнува нејзиниот стомак, Александра ужива, а нејзината објава за кратко време ги „сруши“ социјалните мрежи.